Фолклорна архитектура

Во специфичниот амбиент на градот Битола, во заедничка хармонија на источните и западните влијаниа, опстојуваат уште мал број објекти од фолклорната архитектура коишто егзистираат како индивидуални структури во составот на урбаниот елемент. Паралелно со овој факт, во битолскиот регион постојат многу села со оригинално сочувани рурални комплекси и поединечни објекти. Етнолошкиот критериум и вреднувањето на фолклорната архитектура како дел од материјалната култура на нашиот народ ги третира истите како сведоштво за некогашниот начин на живеење во градот и селото.
 
Од тој аспект, на листата на евидентирани објекти од фолклорната архитектура, како во градот така и во селата на регионов, заземаат место и релативно скромни градби од кои некои без особено нагласени вредности кои што со својата амбиентална вредност ја збогатуваа сценографијата на градот, односно културниот пејсаж на овој регион. На списокот на заштитени фолклорни објекти во градот се наоѓаат 129 за кои е изготвен заштитен режим за нивниот натамошен третман.
 
Во активностите на овој реферат реализирани се долгорочните проекти: “Документирање на рурални објекти” одселата: Суводол и Билјаник, загрозени со површинскиот коп на РЕК-Битола”, “Истражување и документирање на традиционалната рурална архитектура во подпелистерскиот регион и истражување и документирање на традиционалната рурална архитектура во Мариовскиот крај”.
 
Како резултат на активностите организирани се изложбите: “По трагите на руралните градби во Преспа”, “По трагите на руралните градби во Мариовскиот крај “.
 
Во текот на изминативе години евидентирани се објекти од традиционалната рурална архитектура во 35 потпелистерски села, почнувајќи од селото Драгош како и за селото Дупени на западните пелистерски падини.
 
Меѓу другото ги нагласуваме и активностите од меѓународен карактер заради промовирање на руралниот култ, наследството во земјава, а особено во странство, со учество на семинари, симпозиуми и народни изложби.

folklorna_thВо специфичниот амбиент на градот Битола, во заедничка хармонија на источните и западните влијаниа, опстојуваат уште мал број објекти од фолклорната архитектура коишто егзистираат како индивидуални структури во составот на урбаниот елемент.

Повеќе...

Правна заштита

Правната заштита на спомениците на културата е составен дел од основната дејност на установата и се остварува паралелно со стручната дејност во истражувањето, идентификацијата, валоризацијата, ревалоризацијата, категоризацијата, регистрацијата и означувањето на културното наследство, неговото чување, негување и одржување, конзервацијата, реставрацијата, реконструкцијата, дислокацијата, ревитализацијата, превенцијата, надзорот, реституцијата, презентацијата, популаризацијата и секој друг облик на зачувување на спомениците на културата.
 
Правната заштита на Н.У. Завод и музеј Битола, функционира повеќе од 20 години. Во досегашната дејност заштитени се согласно со закон неколку комплекси како Старата битолска чаршија, старото градско јадро, повеќе од 900 поединечни недвижни споменици на културата од профаната и сакрална архитектура, и археолошки локалитети од кои 164 се регистрирани со решение за утврдување својство споменик на културата, запишани во Регистарот на недвижни споменици на културата на подрачјето на Општина Битола и регистрирани во Централниот регистар на недвижни споменици на културата на Република Македонија.
 
За регистрираните споменици на културата е формирано комплетно досие со фото техничка и друг вид на документација. Управно правна постапка е поведена за над 800 објекти споменици на културата, преку одговори за барања, стручни мислења, мислења за инвестициско техничка документација, решенија, согласности и сл. со кои се регулираат односите меѓу Заводот и учесниците во конзерваторските работи на спомениците на културата и сопствениците на објектите на кои се врши конзервацијата и реставрацијата на фасадите, доградбите, надградбите, темелните реконструкции и сл.

pravna_thПравната заштита на спомениците на културата е составен дел од основната дејност на установата и се остварува паралелно со стручната дејност во истражувањето, идентификацијата, валоризацијата,

Повеќе...

Конзервација и реставрација

Рефератот кој зазема значајно место во целокупната дејност на установата поделен е на повеќе специјализирани одделенија во зависност од материјалот што го третираат со основна и единствена цел музејските и други предмети кои претставуваат материјална вредност да се соочуваат во изворна состојба со преземање на конкретни превентивни, конзерваторско-реставраторски и технички мерки.
 
Се применуваат најнапред истражувања, обработка на материјалите, евидентирање и регистрирање, со изготвување на комплетна пропишана документација до конечна практична реставрација конзервација.
 
Позначајни реализирани проекти:
 
конзервација на сликаните површини на објектот Хамза Беј Џамија;
конзервација на живописот на црквата “Св. Димитрија”Битола ;
превентивна заштита на мозаичните површини во локалитетот Хераклеја Линкестис;
конзервација и реставрација на живописот на црквата “Св. Петка” во с. Маловишта;
конзервација на икони од црквата “Св. Богородица” Битола;
конзервација и реставрација на бројни движни предмети од керамика, текстил, дрво, метал и сл. од фондовите на Музејот во Битола ;
конзервација и реставрација на ѕидното декоративносликарство на ентериерот од битолската куќа во почетокот на XX век.
конзервација и реставрација на живописот во црквата Успение на Св. Богородица во село Велушина;
конзервација и реставрација на живописот во црквата Св. Архангел Михаил во с. Средно Егри;
конзервација и реставрација на фреските во црквата Св. Богородица во с. Граешница;
конзервација и реставрација на фреските во црквата Св. Димитрие во с. Градешница.

konzervacija_thРефератот кој зазема значајно место во целокупната дејност на установата поделен е на повеќе специјализирани одделенија во зависност од материјалот што го третираат со основна и единствена цел музејските и други предмети кои претставуваат материјална вредност да се соочуваат во изворна состојба со преземање на конкретни превентивни, конзерваторско-реставраторски и технички мерки.

Повеќе...

Заштита на историски споменици

spomenici_thРефератот е формиран во 1975 година со основна дејност, заштита на историските споменици од профаната и сакралната архитектура,  спомениците и спомен обележјата од Преродбата,

Повеќе...

Организација надзор и проектирање

Рефератот е формиран во 1975 година со самото формирање на Заводот за заштита на спомениците на културата во Битола. Основна дејност му е да истражува, проучува и со научни методи обработува прашања од областа на заштитата на спомениците на културата; да врши непосреден стручен надзор над изведувањето на работите за конзервација и реставрација на спомениците врз основа на претходно изготвена проектна документација; изработува пропишана техничка документација на постоечката состојба; изработува проекти за конзервација, реставрација, реконструкција, адаптација на културноисториските споменици; дава мислење за издавање на дозволи, за конзервација, реконструкција и презентација на културноисториските споменици во градежен смисол.
 
Конзерваторската работа на овој реферат го опфаќа градителското наследство од сите историски периоди на територијата на Општината Битола.
 
Поважни реализирани работи се: архитектонско снимање на постоечката состојба и оформување на досиеа со податоци за видот и обемот на оштетувањата, техниката и материјалите на градење во текот на евидентирањето на над 120 сакрални објекти, околу 30 објекти од профана градска и фолклорна архитектура во Битола и од селата: Маловишта, Суводол и Билјаник. Архитектонско снимање е извршено на сонди од различни археолошки ископувања на локациите Хераклеа, Туриграв, Дибек, шехерезада и Суводол. Изработени и реализирани се изведбените проекти за: реконструкција на потпорни ѕидови, арки, тераса и ограда за античкиот театар во Хераклеа; конзервација и реставрација на Хамза Беј џамија; санација и делумна реконструкција на покривот од тремот на Исхак Џамија; ревитализација на Зандан Куле во дворното место на О.У. “Стив Наумов”; конзервација и реставрација на Саат кулата; реставрација на покривот на црквата Св.Петка во с.Маловишта; реконструкција на покривот и реставрација на таваните на манастирската црква Св.Петка во с.Цапари; реконструкција на западното крило од конакот на манастирот Св.Меркурие во с.Барешани; конзервација и реставрација на црквата Св.Сотир во селото Гопеш; конзервација и реставрација на црквата Св.Недела во Битола; реставрација и конзервација на фасадата на Католичката црква во Битола; реконструкција на дуќани во битолската чаршија; и во последните неколку години конзервација и реставрација на фасадите од објектите на ул.Маршал Тито.
 
Резултатите од работењето на овој реферат презентирани се со изложбата:Градителското наследство на Битола преку скици и проекти во 2002 година.

nadzor_thРефератот е формиран во 1975 година со самото формирање на Заводот за заштита на спомениците на културата во Битола.

Повеќе...

Профана архитектура

Профаните објекти кои се наоѓаат во старото градско јадро се градени кон крајот на XIX и почетокот на XX век и содржат стилски елементи карактеристични за сите нео стилови кои влегуваат како влијание преку Солун по пат на увоз на разновидна керамопластична декорација, како и од Виена преку неимари кои таму работеле и се школувале. Тоа довело до изменети форми односно до едно екликтично шаренило кое дотогашбило како архитектонски израз туѓо за ова подрачје. Најчести стилови кои се јавуваат во битолската архитектура се: неоренесансата, неокласицизмот, сецесијата како и бројни објекти кои според мноштвото користени декоративни елементи не можат да бидат определени како еден стил и се третираат како еклектична архитектура.
 
Објектите од профаната архитектура градени од крајот на XIX и почетокот на XX век се сместени во старото градско јадро, поделени во заштитни зони: Зона 1 ја сочинуваат монументалните објекти во централното градско подрачје ; Зона 2 и 4 ја чинат структурата на стамбениот дел од градот со бројни објекти од градската архитектура и амбиентални улици ; Зона 3 е зона на Старата битолска чаршија. Евидентирани се 704 поединечни профани објекти на подрачјето од градот од кои 100 се заштитени со посебно решение.
Сите овие објекти комбинирани со монументалните споменици на овој дел од градот и во непосредната околина, со зелените површини и визурите кон околните места, му даваат специфична физиономија и специфичен лик на градот.

profana_thПрофаните објекти кои се наоѓаат во старото градско јадро се градени кон крајот на XIX и почетокот на XX век и содржат стилски елементи карактеристични за сите нео стилови кои влегуваат како влијание преку Солун по пат на увоз на разновидна керамопластична декорација,

Повеќе...

Сакрална архитектура

Во периодот од 1987-1991 година на територијата на Општината Битола извршено е евидентирање на над 120 сакрални објекти (цркви, манастири од XVI век до 30-те години на XX век) во над 100 села , при што е изготвена комплетна дескриптивна анализа на објектите, фотодокументација како и теренска архитектонска документација. На нивната натамошна обработка, валоризацијата и ревалоризацијата се работи перманентно. Од истражувачките работи позначајни се: новото датирање на изградбата на џамијата Исхак Челеби во Битола во 1506 година; откривањето на ктиторот на битолскиот безистен од крајот на XV век како и валоризацијата и ставањето под заштита на црквата “Св. Богородица” во с. Велушина, каде во 1989/90 година беа откриени повеќе фази на градба од IX-XI век (врз основа на археолошките истражувања), па се до раниот XIX век, како и три слоја на фреско живопис кои припаѓаат на наведените фази заедно со последниот од 1836 год.
 
Освен наведените, изготвени се и повеќе елаборати, студии и проекти, како: Студија за старите чешми во Битола, Студијата за адаптација и ревитализација на магазата во Битола, Проект за санација и реконструкција на покривот на манастирската црква “Св. Петка” с. Цапари, Проект за манастирската црква “Св. Ѓорѓи” с. Велушина, Проект за конзервација на архитектурата во црквата “Св. Преображение” во с. Гопеш, Елаборат за реконструкција и ревитализација на амамот Дебој, Проект за адаптација и ревитализација на Зандан Куле во Битола, Проект за санација и конзервација на архитектурата на црквата Св. Никола во с.Чагор, Проект за санација и делумна реконструкција на покривот на тремот на џамијата Исхак Челеби во Битола.

sakralna_thВо периодот од 1987-1991 година на територијата на Општината Битола извршено е евидентирање на над 120 сакрални објекти
 (цркви, манастири од XVI век до 30-те години на XX век) во над 100 села,

Повеќе...