118 години од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк

Категорија: Настани / Events

По повод 118 годишнината од дипломирањето на Мустафа Кемал Ататурк во воената гимназија во Битола, на 13.03.2017 во НУ Завод и Музеј се одржа свечена церемонија.

Пред аудиториумот Македонскиот министер за одбрана, Зоран Јолевски истакна дека Македонија и Турција се доказ како историјата може да ги спојува државите и народите.
За македонско-турските мостови на соработка и за делото на Кемал Ататурк и неговото образование во Воената школа во овој град говореше турскиот генерал Сулејман Евдизмант, кој истакна дека изборот на Битола бил, затоа што градот бил врата на османлиската империја, која се отвора кон Запад.
Се обрати и заменик амбасадорот на Р.Турција во Р.Македонија
Беше промовирана и публикацијата „Турско-македонските односи низ историјата“ . Истата е на повеќе од 600 страници, во два тома, на три јазици, македонски, турски и англиски, се содржани 14 научни трудови на универзитетски професори од Македонија и Турција.

ataturk 118 godini 1

ataturk 118 godini 3

ataturk 118 godini 2