Центар за документација

Центарот за документација и фото-документација кој е составен дел на Заводот и музеј Битола, своето формирање го доживува во 60-те години од минатиот век во рамките на Народниот музеј Битола, во прво време како фотографска работилница за да целосно ја добие својата физиономија од 1975 година.
 
Во составот на овој центар делуваат 3 одделениjа и тоа: Одделение за документација на спомениците на културата од аспект на заштитната дејност, Одделение за музејска документација и Одделение за фотодокументација.
 
Одделението за заштита на спомениците врши документирање, евидентирање и формирање досие во кое има пропишан заштитен режим и соодветна архитектонска документација за секој третиран поединечен споменик на културата.
 
Во одделението за музејска документација се депонирани влезни, инвентарни книги во кои се евидентираат музејските предмети кои во оваа установа се добиваат по пат на археолошки ископувања, истражувања, откупи, донации и сл. За поцелосно и попрегледно следење на активностите во работењето на установата низ печатените медиуми формирана е хемеротека низ која се собираат, обработуваат, средуваат и депонираат добиените информации. Во последните години се работи на компјутеризација на центарот за документација и негово поврзување со компјутерската мрежа во државата.
 
Фото-документацијата како одделение при овој центар е важен сегмент во целокупната дејност на установата која низ својот развој до денес како фонд на документирани и обработени фотолисти и негативи, контакт копии од сите дејности на институцијата, ја достигнува бројката која е заслуга на 70 годишното работење на институцијата и тоа: контакт копии околу 3338; вкупно 99180 фотографии од кои 70920 во црнобела техника, 28260 колор фотографии и 17 видео касети.
 
Водителска и маркетинг служба
 
Водителската служба како неизоставен дел од музејската дејност, постои од формирањето на Музејот во Битола и тоа во прво време како една од основните задачи на кустосите. Таа од 1995 година добива функција на водење, маркетинг, едукација со целосна пропагандна дејност на настаните кои се случуваат во институцијата.
 
Главен акцент е ставен на посетителот, што претставува главна цел на секој маркетиншки ориентиран музеј, и за таа цел во најголема мера се засилени односите со јавноста и медиумите. Оваа служба посебен акцент става на едукативните проекти насловени како “Учиме за нас”. Всушност, ваквите проекти се наменети за ученици од најразлична возраст. Со тоа се постигнува целта на музејот, преку едукативните и интерактивни и креативни работилници да се надополнуваат, а не да го имитираат класичното образование по предметите во кои се изучува културното наследство, како и да се имплементира определбата музејот да биде отворен за јавноста.
 
Библиотека
 
Со основањето на Музејот во 1934 година, формирана е библиотека во чии рамки досега е собран библиотечен фонд од 11300 книги и тоа : периодики, списанија, весници и друг библиотечен материјал, како: легати, видео и аудио материјали добиени по пат на набавка, размена или подарени со поединци или сродни институции. Значајно место во библиотеката зазема фондот од 110 ретки ракописи и старо печатени верски книги на црковно словенски, старогрчки, арапски, турски, латински, германски и српски јазик. Библиотеката е од стручен карактер и е отворена за јавност.
 
Компјутеризација
 
Следејќи ги најновите трендови во науката и технологијата од крајот на минатиот милениум, Музејот започна интензивно да се компјутеризира и опремува. Ваквиот тренд на Завод и музеј му овозможи поефикасно складирање и обработка на податоците за сите оддели, експанзија во издавачката дејност и маркетиншка застапеност во медиумите. Институцијата има постојана врска со интернет со цел за нејзина подобра афирмација во светот која се постигнува со сопствена Web страна: www.muzejbt.org.mk

documantacija_thЦентарот за документација и фото-документација кој е составен дел на Заводот и музеј Битола, своето формирање го доживува во 60-те години од минатиот век во рамките на Народниот музеј Битола,

Повеќе...

Одделение за современа уметност

Ова одделение кое од 1982 година е составен дел на Битолскиот музеј, своето формирање и развој го бележи од 1958 година, кога во Битола е формирана како посебна институција уметничката галерија “Моша Пијаде”. Од основањето до денес својата работа ја насочува кон неколку примарни поенти: собирање, евиденција, обработка, грижа за уметничките дела од современата уметност и конзервација на истите, презентација и афирмација на македонски автори и дела како и организација на Меѓународното графичко триенале.
 
Во текот на своето 50 годишно постоење ова одделение има реализирано над 1200 ликовни изложби: самостојни, групни, ретроспективни, јубилејни, тематски, изложби од странство, обработени дела од сопствениот фонд, изложби преземени од сродни институции (галерии, конзуларни претставништва) или изложби според ликовната техника : сликарство, графика, цртеж, фотографија, скулптура, акварел. Од 1970 година, оваа институција го добива називот “Галерија на современата југословенска графика”, со што се насочува генералната определба кон проучување и афирмација на графичкото творештво. Од големиот број експозиции би ги издвоиле триеналските сојузни графички манифестации на југословенско ниво, кои овозможија гостување на познати графичари од земјата и странство. Исто така, посебно одбележување заслужуваат изложбите на Личеновски, Владимирски..., членовите на групата ВДИСТ, (Видимче, Димовски, Ивановски, Спировски, Траиковски,), групата 77 (Кочевски, Кочовски и Манев), Годишните изложби на ДЛУБ и многу други.
 
Меѓународните изложби кои оставија забележителни едукативни резултати, заземаат значајно место, а меѓу нив сеизложбите на Густав Климт и Егон Шиле, Пјер Алешински, Хајнрих Циле, Американски плакат и други.
 
Ова одделение располага со богат фонд уметнички дела (околу 1000) сместени по збирки: сликарство, графика-цртеж и скулптура. Збирките се оформени со откуп од изложбите, како и со донација од ликовните уметници или поединци. За посебно одбележување е оформената графичка збирка во која се застапени наградените дела од сите триеналски манифестации, со што ја прави единствена во Република Македонија.
 
Застапеноста на македонските графичари: Д. Аврамовски Гуте, М. Спировски, П. Хаџи Бошков, Д. Перчинков, С. Шемов, Д. Николов, Д. Малиданов, З. Јакимовски, како авторите: Б. Јакац, А. Јемец, Б. Борчич, Ј. Берник, А. Кудуз, М. Арсиќ, Е. Мунџич, Х. Хеблер, Л. ЈунгАе, Капобјанко, претставува висококвалитетна ризница.
 
Покрај едукативната настава, се организираат бројни тркалезни маси, советувања и научни собири од кои би ги издвоиле : “Исчекор од медиумот”, (по повод отворањето на XX Меѓународно графичко триенале 1994); “Интервенции во просторот” по повод изложбата на С. Шемов и Н. Фидановски 1988 ; Ликовното творештво на Борислав Траиковски (по повод неговата изложба 2002); Димче Николов спомени (по повод самостојната изложба 2003 година).

sovremena_um_th

Ова одделение кое од 1982 година е составен дел на Битолскиот музеј, своето формирање и развој го бележи од 1958 година, кога во Битола е формирана како посебна институција уметничката галерија “Моша Пијаде”.

Повеќе...

Историја на уметност

Одделение за движни црковни предмети, икони, ѕидно сликарство и резба
 
Во рамките на целокупните активности, Одделението за движни црковни предмети во изминатите децении постигнува значителни резултати. Во Фондот на музејската збирка досега се депонирани : околу 40 икони датирани од XVI до крајот на XIX век и бројни други црковни предмети: метални крстови, путири, кандила, свеќници и др. Особено треба да се нагласат неколкуте икони кои му припаѓале на Топличкиот манастир, а денес се дел од богатството на Битолскиот музеј. Благодарение на високите уметнички вредности кои тие ги поседуваат, во повеќе наврати како сегмент од националното богатство на Република Македонија, беа презентирани во повеќе европски и светски метрополи.
 
Напоредно со активностите од музејската дејност ова оддделние ги реализира и задачите од областа на заштитата.
 
Со неколку преземени акции за евиденција на движното културно наследство и ѕидно сликарство низ селските и манастирските цркви во пошироката околина на Битола, беа документирани околу 3000 икони датирани од XVI до крајот на XIX век. Истовремено, при овие акции беа документирани и преку 10000м2 насликани ѕидни површини со ѕидно сликарство, претежно од XIX век.
 
За одбележување се и неколкуте акции на конзеваторско-реставраторски работи на сликарството во црквите: “Св. Димитрија” Битола, Св. Петка во Маловиште, Св. Богородица Пречиста во Граешница, “Св. Димитрија” во Градешница Мариово, “Св. Архангел Михаил” во с. Егри и “Успение на Св. Богородица” во с. Велушина.
 
Во изминатиов период извршена е и конзервација на 60 икони датирани од XVII до XIX век од црквата “Св. Петка” во Маловишта.
 
Во ова одделение преземени се пошироки активности кои се привршуваат за опремување на лабораториски простор, со што ќе се овозможат поголеми услови за обработка и конзервација на таквите предмети.

istorija_na_um_th

Одделение за движни црковни предмети, икони, ѕидно сликарство и резба.

Повеќе...

Етнолошко одделение

Етнолошкиот оддел денес, како составен дел на комплексниот Битолски музеј, своето формирање и развој го доживува од 50-те години на XX век. Во досегашниот развој ова одделение особен интерес пројавува кон истражувањето, проучувањето, собирањето, одржувањето и презентирањето на богатото културното наследство особено од битолскиот регион.
 
Збирка на народни носии
 
Територијално народните носии ги опфаќаат селата од брсјачката етнографска целина кои систематски се поделени според етнопределите на кои што припаѓаат: Горни села или Потпелистерски, Битолско Поле, Цапарско Поле, Мариово, Моштенски села, Демир Хисар Железнец и Смилево како Мијачка оаза. Потеклото на носиите е од крајот на XIX век и средината на XX век, каде може да се следи континуитетот на носијата кога кај неа биле застапени сите атрибути и симболични значења и каде се нотира нивното менување и напуштање. Носиите се издвоени на женски, машки и помал дел детски поделени според животната старост и функција. Музејскиот фонд од овој тип музејски предмети изнесува 1500 од кои 40 комплетни.
 
Збирка на градски носии
 
Носиите потекнуваат од Битола од крајот на XIX век и почетокот на XX век. Поделени се на женски и машки. Според влијаниата што биле доминанатни во овој период поделени се од типот “Ала Турка” каде преовладуваат ориенталните влијаниа и типот “Ала Франга” каде преовладуваат западно европските влијанија. Посебно место заземаат и предмети кои се развиваат како продолжение на старобалкански влијанија. Фондот од овој тип музејски предмети изнесува 120.
 
Збирка на килими
 
Оваа збирка располага со десетина примероци килими кои по својата изработка и орнаментика претставуваат обележје на овој период од градската покуќнина во Битола.
 
Збирка на ткаенини и текстилни предмети
 
Фондот од овој тип музејски предмети претставува збир од околу 70 предмети што многу се употребувале во секојдневната и празничната покуќнина: покривки, пердиња, милиња, черги и др.
 
Збирка на накит и предмети за украсување
 
Како фонд од 350 предмети, накитот но и предмети како за лично украсување, така и за украсување на облеката се со исклучителна разновидност (селски и градски) и претставуваат одраз на богатата македонска култура.
 
Збирка на предмети од импорт
 
Импортираните премети од порцелан, керамика, стакло, мајолика, намештај и музички инструменти, како фонд ја надминуваат бројката од 620. Значајно е да се каже дека овој фонд предмети кој претежно потекнува од средината на XIX и почетокот на XX век, како материјал донесен од повеќето европски градови и ги пополнувал ентериерите на битолските куќи.
 
Позначајни изложби :
 
“Музички народни инструменти” 1976 година
“Од збирките на битолскиот музеј” 1989 година
“Народниот накит и китењето во Македонија” 1985
“Импортот во Битола” 1996 година
“Од трезорите на Битолскиот музеј” 1998 година
“Резба вчера и денес” 2002 година
“Етнокултурата на Битолската чаршија” 2003 година
“Традиционални костуми на етникумите” 2003 година
Изложба “Битието, духовноста и културното жувеење во Битола низ вековите” 2004 год.
Постојаната поставка “Ентериер на градскиот амбиент од XIX век” 2004 година.

etnolosko_th

Етнолошкиот оддел денес, како составен дел на комплексниот Битолски музеј, своето формирање и развој го доживува од 50-те години на XX век.

Повеќе...

Историско одделение

istorisko_thИсториското одделение во Битолскиот музеј го опфаќа периодот од доселувањето на Словените на овие простори па се до современата историја.Одделението во Битола е формирано во 1952 година.

Повеќе...

Средновековно одделение

Поволната географска поставеност и местоположбата на Битола во средниот век на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на трговсковоениот пат Виа Егнатиа, нужно ја определиле да се најде под ударите на повеќе култури кои придонеле за поизразито вообличување на специфичните археолошки вредности.
 
Пред скоро тричетири децении, средновековната археологија беше приморана да се избори за своето место во науката, посебно кај некои научни работници кои и самите се занимаваа со археологија, а кои по примерот на некои северноевропски археолошки школи сметаа дека средновековната археологија како и целата археологија воопшто, треба да заврши со истражувањето на периодот со преселбата на народите.
 
Првото отстапување се направи кога проучувањето на словенската археологија се продолжи до IX век, додека денес ставот на средновековната археологија е да проучува се додека со археолошкиот метод за одредени појави во минатото не се добие појасна слика и затоа во неа е вклучен целиот среден век во целина.
 
Во нашиот град, за прв пат археологијата на средниот век почна да се проучува и истражува по формирањето на Заводот за заштита на спомениците на културата во 1975 год.
 
Првите сондажни заштитни истражувања на локацијата на градот почнаа да се изведуваат во текот на зиматапролетта 1976 година во северозападниот дел на КИС Безистен (Г.Филиповска), при неговата адапатација во стоковна куќа. Потоа се сондираше на ул. “Добривое Радосавлевиќ”, на местото на новата Стопанска банка каде беше констатирана керамика од XIII-XIV век. Се работеше на локацијата кај Ајдар Кади џамија (1980 година) како и кај Дебојот (1988 година). Датирањето беше отежнато, заради тоа што не се работеше во чисти негибнати археолошки слоеви, туку на простор каде што интензитетот на постојаното живеење зад себе остави само многупати прекопувани културни слоеви. Во 1994 година на локацијата кај Исак џамија или “Шехерезада” за прв пат на просторот на Битола беа ископани фрагменти од црепни кои припаѓаа на керамиката што се употребува во секојдневниот живот, а им се препишува на Словените. Во 1999/2000 година во внатрешноста на црквата “Св. Димитрија”, се наиде на негибнат средновековен културен слој кој по старост на наодите се датира до X век. Тоа беше непобитен доказ дека еден дел од средновековна Битола е точно под темелите на денешна Битола.
 
Во периодот (2001-2004) брзината и интензитетот на ископувањето на локациите низ градот ( Др. Т. Јанакиевски, “Убикација на средновековна Битола”) се зголеми. Бројот на наодите кои припаѓаат на доцниот среден век (XII-XIV век) се зголемија и воедно се поткрепи сликата за постоење на средновековни културни стратуми на просторот од денешна Битола, од двете страни на реката Драгор.
 
Во октомври 1978 година (Г. Филиповска и П. Србиновски) за прв пат е откопан еден средновековен словенски стартум (IX- XII век) на локалитетот Кале кој се наоѓа северозападно од градот на левиот брег на р. Драгор, на највисоката зарамнета доминанта на ридот над месноста Баденбалари. На овој локалитет со прекини се истражуваше во 1979-1981,1994,2002 и 2004 година.
 
Во текот на реализацијата на проектот “Истражување на средновековните населби на подрачјето од Општина Битола” (1981-1986 година), се работеше на: Катедрална црква епископско седиште на локалитетот Кале Битола, на некрополата на локалитетот “Тумбата-Чебрен” с. Зовиќ; населбата и некрополата на локалитетот “Марково Кале” с. Ореово. Во 1988 година се реализираше проектот “Комплетни истражувачки работи на црквата “Св. Богородица” во с. Велушина” каде што е откриена средновековната некропола, додека на средновековната некропола на локалитетот Сланец, с. Суводол се истражуваше во 1990 година.
 
Во средишниот комплекс на населбата на локалитетот Хераклеја, (Г. Томашевиќ) откриени се средновековни материјали: наушници, обетки, фрагменти од керамика за секојдневна употреба и византиски монети, како и материјали од средновековни стартуми на некрополата од XXI век на секторот Авторемонт, покрај потокот Сива Вода, во текот на 19821986 година (Е. Манева) која се формирала врз остатоците на базиликата што била изградена во првата половина на VI век.

sredovekovna_th

Поволната географска поставеност и местоположбата на Битола во средниот век на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на трговсковоениот пат Виа Егнатиа,

Повеќе...

Античко одделение

Од раноантичкиот период, според досегашните археолошки истражувања, заслужуваат внимание локалитетите: Градиште- Живојно, Градиште-Беранци, Еленик-Мојно. Македонско-елинистичкиот период посебно е потврден во Хераклеја со истражувањата на акрополата, односно утврдувањето на врвот на ридот кој е недоволно истражен. Всушност, преку археолошкиот локалитет Хераклеја може да се следи постоењето на еден антички град од IV век п.н.е до VI век по Христа и средновековната некропола од XXI век. Посебно преку класичниот римски период претставен е локалитетот Хераклеја.
 
Доцноантичкиот период познат ни е преку локалитетите: Кале кај с. Доленци, Суводол кај месноста Сланец со стара христијанска базилика, Суви ливади кај Доленци со старо христијанска базилика, месност Тури Граф кај с. Суводол, населбата Садеви кај Велушина, Мавер кај с. Параловонекропола и др.
 
Сите истражени и познати археолошки наоѓалишта од Битола и Битолско се регистрирани во индексот на Археолошката карта на Република Македонија.
 
Паралелно со истражувањата во овој оддел се врши научно истражувачка и конзерваторска обработка на материјалот и неговото документирање. Не помалку интензивно се работи на презентација на археолошкото богатство на овие краеви со бројни изложби, предавања и трибини организирани од страна на стручниот кадар.
 
Ова одделение располага со импозантен фонд од околу 12000 инвентарисани предмети и други видови материјали со над 170 регистрирани и евидентирани локалитети на територијата од Општина Битола.

antika_th

Од раноантичкиот период, според досегашните археолошки истражувања, заслужуваат внимание локалитетите: Градиште- Живојно, Градиште-Беранци, Еленик-Мојно.

Повеќе...

Праисториско оделение

Првите скромни податоци што се однесуваат на археолошки локалитети забележани се уште во 1931/32 година од Ј.В. Фењкес, на локалитетите Црнобуки и Карамани, а од Ф. Месеснел вршени се и археолошки истражувања кај селото Суводол-Сланец, при што е откриена стара ранохристијанска базилика.
 
Во периодот од 193638 година вршени се археолошки истражувања на акрополата на левиот брег од потокот Сива Вода под раководство на М.Грбиќ и Г. Стриќевиќ.
 
По ослободувањето, Битолскиот народен музеј, ги презема првите активности во областа на археолошките истражувања во 1952 година, кога под организација на археолошкиот институт од Белград и во соработка со музеите од Битола, Прилеп и Охрид организираат истражување, при кое се регистрирани бројни археолошки локалитети.
 
Со археолошки ископувања се започна во 1953 година како заштитни интервенции на неолитската населба Тумба во с. Породин, а се продолжи во 1954 год. на локалитетот Висо и во месноста Петилеп каде што се откриени гробови од железното време.
 
По овие првични интервенции, истражувањето на праисторијата разбуди конкретен интерес. Заштитните истражувања од 1971 година на неолитската населба Велушка Тумба, с. Породин, продолжија со систематски и повеќегодишни истражувања водени од Драгица Симовска и Воислав Санев. Пробните ископувања вршени во локалитетите во с. Карамани, Могила, Добромири, Оптичари, Гургур Тумба и други, покажаа дека неолитската култура е раширена во цела централна Пелагонија.
 
Во прикажаниот период посебно внимание му е посветено на истражувањата на неолитот, при што доминираат откритијата на Велушка Тумба-Породин но и тумбите Карамани, Могила, Врбјани, Трн и други.
 
Енеолитот е утврден со ископувањата на локалитетите : Шуплевец, Бакарно Гумно, Тумба Црнобуки, со што се потврди дека овие подрачја биле зафатени со првите бранови на индоевропските доселеници.
 
Траги на населби од бронзено време се потврдија кај локалитетите: Карамани, Бакарно Гумно, Црнобуки, Радобор и други. За почетокот на раното железно време материјални траги се најдени кај некрополите во Живојно, Зовиќ и Брод. Најстарите материјални траги од крајот на железното време со скелетно погребување под тумули се потврдени на локалитетот Петилеп-Беранци кој предизвика голем научен интерес особено гробот на принцезата. Тука ги спомнуваме и значајните локалитети Рапеш и Црквиште кај Беранци.
 
Од досегашните археолошки истражувања во праисторијата во Битола и Битолско регистрирани се и евидентирани над 150 локалитети со фонд од неколку илјади предмети.

praistorija_thПрвите скромни податоци што се однесуваат на археолошки локалитети забележани се уште во 1931/32 година од Ј.В. Фењкес, на локалитетите Црнобуки и Карамани,

Повеќе...