Едукативна и креативна работилница во Центар за ран детски развој Сумнал Битола – 26.11.2015

Во рамките на проектот “Учиме за нас”, НУ Завод и Музеј Битола одржа едукативна и креативна работилница во Центарот за ран детски развој Сумнал Битола на тема „Културното наследство во Битола“. Преку игра и забава, децата имаа можност да научат повеќе за културното наследство на Битола и притоа изразија желба да го посетат НУ Завод и Музеј Битола. Проектот “Учиме за нас” е поддржан од Министерство за култура на РМ, Балканска Мрежа на Музеи и Културно наследство без граници - БиХ.
ozio_gallery_nano
Ozio Gallery made with ❤ by joomla.it