Хераклеа Линкестис

Античкиот локалитет Хераклеа Линкестис-Битола, со решение бр. 1040 од 27.07.1950 година, прогласен е за споменик на културата од прва категорија, со исклучително и универзално значење.
 
 
Со првите собирачи на старините во Хераклеа овластени со посебна дозвола од Султанот на Турција во XIX век, изразени преку дипломатските претставници во Битола, која во тој период претставува центар на Европска Турција, со право да вршат ископувања, а откриениот материјал да го откупат или едноставно однесат во својата земја, се и првите евидентирани податоци за истражувања во Хераклеа.
 
Ваквите истражувања се повторуваат и во 40 години од XX век, кога се вршат сондажни истражувања на хераклејската акропола, под раководството на Антун Жегура, професор по латински јазик во битолската Гимназија и професорот Михајло Петрушевски. Од овој период се до 1975 година истражувањата во Хераклеа се вршат со екипи на Музејот на кнез Павле од Белград, а покасно со екипи од Југословенскиот институт за заштита на спомениците на културата Белград во соработка со веќе формираниот Одбор за Хераклеја Битола.
Од 1975 година, со натамошните систематски истражувања работи и раководи самостојна стручна екипа од Заводот за заштита на спомениците на културата Битола. Античкиот локалитет Хераклеа, зафаќа површина од околу 4 хектари, од кои 1300 м2 мозаични површини. Истражени се и презентирани следните градби :
 
портик на судница од римско време (II в.н.е.)
терма од римско време (II в.н.е.)
театар римско време    (II в.н.е.)
епископска резиденција од ранохристијанското време (IV до VI век)
мала базилика од ранохристијанското време (IV - VI в)
голема базилика од ранохристијанското време (IV - VI в)
градска чешма од времето на Јустинијан (562)
Со грижата, негувањето, чувањето, презентирањето, систематското археолошко истражување, континуираната заштита, конзервацијата на архитектурата и ревитализацијата на Римскиот театар, оживувањето на Хераклејските вечери, богатиот пропаганден материјал, нејзината посетеност со бројки кои достигнуваат над 50000 посетители, Хераклеа се вбројува меѓу ретките музеи на отворено.
 
Богатиот археолошки материјал од досегашните истражувања како репрезент на античкиот период од ова поднебје во најголема мера презентиран е во археолошката поставка на Битолскиот музеј како и во археолошката поставка во самиот локалитет Хераклеа.
 
 
Во простор од околу 50 м2 изложени се материјалипредмети од I век п.н.е. до VI век .н.е. Изложени се предмети од ќерамика, метал и стакло. Најзастапени се монетите, накитот, предмети за секојдневна употреба и бронзена пластика. Централно место во оваа музејска поставка зазема макетата на Римскиот театар која тродимензионално ја дава сликата на целосното истражување на театарот до неговата конзервација и ревитализација. Изработената макета претставува своевиден документ, сведоштво за љубовта и приврзаноста на археологот Др. Томе Јанакиевски кон Римскиот театар, неговите напори од почетните истражувања до конзервацијата и ревитализацијата на објектот.

heraklea_thАнтичкиот локалитет Хераклеа Линкестис-Битола, со решение бр. 1040 од 27.07.1950 година, прогласен е за споменик на културата

од прва категорија, со исклучително и универзално значење.
Со првите собирачи на старините во Хераклеа овластени со посебна дозвола од Султанот на Турција во XIX век, изразени преку дипломатските претставници во Битола, која во тој период претставува центар на Европска Турција, со право да вршат ископувања, а откриениот материјал да го откупат или едноставно однесат во својата земја, се и првите евидентирани податоци за истражувања во Хераклеа.

HERAKLEA_virt_th

ВИРТУЕЛНА ПРОШЕТКА

Ваквите истражувања се повторуваат и во 40 години од XX век, кога се вршат сондажни истражувања на хераклејската акропола, под раководството на Антун Жегура, професор по латински јазик во битолската Гимназија и професорот Михајло Петрушевски. Од овој период се до 1975 година истражувањата во Хераклеа се вршат со екипи на Музејот на кнез Павле од Белград, а покасно со екипи од Југословенскиот институт за заштита на спомениците на културата Белград во соработка со веќе формираниот Одбор за Хераклеја Битола. Од 1975 година, со натамошните систематски истражувања работи и раководи самостојна стручна екипа од Заводот за заштита на спомениците на културата Битола. Античкиот локалитет Хераклеа, зафаќа површина од околу 4 хектари, од кои 1300 м2 мозаични површини. Истражени се и презентирани следните градби :
портик на судница од римско време (II в.н.е.)терма од римско време (II в.н.е.)театар римско време    (II в.н.е.)епископска резиденција од ранохристијанското време (IV до VI век)мала базилика од ранохристијанското време (IV - VI в)голема базилика од ранохристијанското време (IV - VI в)градска чешма од времето на Јустинијан (562)   Со грижата, негувањето, чувањето, презентирањето, систематското археолошко истражување, континуираната заштита, конзервацијата на архитектурата и ревитализацијата на Римскиот театар, оживувањето на Хераклејските вечери, богатиот пропаганден материјал, нејзината посетеност со бројки кои достигнуваат над 50000 посетители, Хераклеа се вбројува меѓу ретките музеи на отворено.
Богатиот археолошки материјал од досегашните истражувања како репрезент на античкиот период од ова поднебје во најголема мера презентиран е во археолошката поставка на Битолскиот музеј како и во археолошката поставка во самиот локалитет Хераклеа.

Во простор од околу 50 м2 изложени се материјалипредмети од I век п.н.е. до VI век .н.е. Изложени се предмети од ќерамика, метал и стакло. Најзастапени се монетите, накитот, предмети за секојдневна употреба и бронзена пластика. Централно место во оваа музејска поставка зазема макетата на Римскиот театар која тродимензионално ја дава сликата на целосното истражување на театарот до неговата конзервација и ревитализација. Изработената макета претставува своевиден документ, сведоштво за љубовта и приврзаноста на археологот Др. Томе Јанакиевски кон Римскиот театар, неговите напори од почетните истражувања до конзервацијата и ревитализацијата на објектот.

ozio_gallery_nano
Ozio Gallery made with ❤ by joomla.it